(Галерија) Велики петок во Соборниот храм – верниците поминуваат под масата
- Aleksandar Santovski
- 13 hours ago
- 1 min read
18.04.2025 Ap[ril Petok
Се смета дека за време на протнувањето под масата, верниците треба да се помолат и да замислат желба и ќе им биде исполнета
На Велики петок, се слават спомените од Христовото распнување на крстот, обичајот е по бакнувањето на иконите, верниците да се протнат под масата на која е поставено платно на кое е насликан Исус Христос.
По некое верување се смета дека за време на протнувањето под масата, верниците треба да се помолат и да замислат желба и ќе им биде исполнета.
Денеска, во Соборниот храм во Скопје редици верници чекаа да ја бакнат иконата, да поминат под масата со платното на Христос и да остават по едно вапсано јајце.
Возрасни, мажи, жени деца… бодри луѓе, но и болни, луѓе во колички, со бастунчиња, сите заминаа на поклонение пред Господа, на најтажниот ден за христијаните, во очекување на најрадосниот – Велигден, денот на воскресението, кога единствениот господов син станал од мртвите.
Поминувањето под Гробот Христов означува и дека сме спремни да учествуваме во Неговата смрт, за да можеме и заедно со Него да воскреснеме. Преку распетие и смрт – до воскресение.
На овој ден се започнува со подарување вапсани јајца.
Погледнете како беше денеска во Соборниот храм во Скопје, преку фотографиите на нашиот фотограф Борис Грданоски:










Comments