Хрватките посилни за центарот Марија Режан
01.02.2021 januari ponedelnik
КОШАРКА – КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2021
Хрватска, еден од противниците на Македонија на третиот квалификациски турнир во Рига (Летонија) за пласман на Европското женско првенство (ЕП) во 2021 година во кошарка, ќе биде посилна за еден од најдобрите европски центри, Марија Режан (31 година, 198 см), членка на чешка Прага. Македонија со Летонија треба да игра в четврток, а со Хрватска в сабота. Македонија по првите два квалификациски турнира е четврта во групата И, со четири бода. Водат Хрватска и Германија со по седум бода. Составот на Хрватска: Андријана Цвитковиќ (Рутроник, Германија), Ана-Марија Бегиќ (Виртус Сегафредо, Италија), Клаудиа Периша (Инексио Ројалс, Германија), Миа Машиќ (Хановер, Германија), Ивана Дојкиќ (Прага, Чешка), Ива Слоњшак (Хинот, Франција), Леа Милетиќ (Пиештанске Чајкс, Словачка), Ивана Тиквиќ (Магнолиа Кампобасо, Италија), Марија Режан (Прага, Чешка), Ружица Џанкиќ (Флипо Баскетс, Германија), Анџела Мариќ (Реинланд Лионс, Германија), Ана Петрак (Медвешчак), Јосипа Силов (Рагуса), Ивана Ујевиќ (Шибеник).
Comments