top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Хорор и акција: Режисерот на оскаровскиот „Паразит“ со двe нови сценарија

15.02.2021 februari ponedelnik

Добитникот на Оскар, режисерот Бонг Џон-ху, во едно од своите интервјуа деновиве откри дека штотуку завршил едно од вкупно две сценарија за филмовите што има намера да ги претстави по „Паразит“ со кој триумфираше на последната церемонија на доделување на Оскарите.

Славниот режисер во мај минатата година рече дека е психички и физички истоштен, како и дека не знае како и кога ќе се врати на пишувањето нови проекти. Сепак, на задоволство на неговите следбеници ширум светот, режисерот откри дека работел на два сценарија истовремено во текот на 2020 година.

„Имам чувство дека го разделив мозокот на два дела. Напишав едно сценарио со десната, а другата со левата страна“, рече Бонг. Тој додаде дека едното сценарио е напишано на корејски, а другото на англиски јазик.

„Како и во ‘Паразит’, тие содржат елементи на хорор и акција, иако е тешко да се прецизира за кој жанр станува збор. Сценариото, напишано на англиски јазик, е инспирирано од вистински настан од 2016 година. Не можам да откривам повеќе за сега“, додаде Бонг.


4 views

留言


bottom of page