Search
Хејли Бибер моќна и женствена во црн костум
11.02.2021 februari cetvrtok Хејли Бибер покажа моќ на класична женственост во стилски костум, кога се упати на деловен состанок во Беверли Хилс, Калифорнија, во средата. 24-годишната манекенка облече црн костим на брендот Attico – панталони и палто со истакнати раменици и длабоко деколте. На оваа комбинација ѝ додаде поп-боја со светлозелени сандали од истиот бренд. Ултра модерниот изглед го дополни со златен ѓердан и црни очила за сонце. Папараците ја забележаа откако излезе од своето возило, подготвена за деловна средба. Устата и носот ѝ се покриени со црна маска, во екот на пандемијата на Ковид-19.
Commentaires