top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Хајди Клум горда на првите манекенски чекори на ќерката Лени

25.02.2021 februari cetvrtok Поранешниот супермодел ја предаде својата моќ на модните писти на својата ќерка Лени (16) и вели дека многу се гордее со тинејџерката за досегашната работа, која ја опиша како „неверојатна“. Хајди за магазинот „Пипл“ изјави: Досега напредува фантастично. Таа сака да се занимава со манекенство веќе подолго време. И јас конечно реков ‘да’ затоа што сега е доволно стара, има речиси 17 години. Почна со насловна страница на германски ‘Вог’ и ќе има уште една насловна за два месеца. 47-годишната Хајди – која ги има Лени, Хенри (15), Јохан (14) и Лу (11) со нејзиниот поранешен сопруг, пејачот Сил, вели дека е изненадена што нејзината ќерка не се плаши од фотоапаратите залепени до лицето. „Таа ја отвори модната недела во Берлин каде ја видов како чекори по писта за првпат, со високи потпетици како вистински модел“, додаде Хајди во интервјуто за „Пипл“.




2 views

Comments


bottom of page