Хауге извиси за Лига Европа, натпреварувањето во кое Милан го откри неговиот талент
03.02.2021 februari sreda
Милан го откри талентираниот Јенс Петер Хауге преку натпреварите во Лига Европа, за неколку месеци подоцна тренерот Стефано Пиоли да не го вклучи Норвежанецот во составот пријавен за настап во ова европско натпреварување.
Поранешниот играч на Бодо пристигна во Италија како интересно засилување за „росонерите“, но сега ќе мора да чека шанса само во домашното првенство, бидејќи не е на списокот испратен до УЕФА за натпреварите во ЛЕ.
Иронично, Хауге остана без натпреварувањето со кое го сврте вниманието кон себе, а италијанските медиуми велат дека е „жртва“ на поголемиот број напаѓачи, вклучувајќи го неодамна ангажираниот Марио Манџукиќ.
Пиоли смета дека има доволно офанзивни играчи, па затоа решил да ги пријави новиот дефанзивец Фикајо Томори, односно играчите за врска Раде Круниќ и Суалио Мејте, бидејќи тие можат да помогнат на повеќе позиции во продолжение од сезоната во ЛЕ.
Во првиот дел од сезоната, Хауге постигна 3 гола на 5 натпревари во ЛЕ, додека без него Милан во следната рунда ќе се соочи со Црвена Звезда.
Comments