Фриц не му верува на Ѓоковиќ: Ако беше навистина повреден……
12.02.2021 februari petok
Тејлор Фриц беше презадоволен од нивото кое го прикажа во пресметката со Новак Ѓоковиќ, а секако и од фактот што го примора светскиот рекет број еден да загуби два сета во беспоштедната битка на Род Лејвер арената.
Младиот 23-годишен Американец ги освои третиот и четвртиот сет и израмни на 2:2 во пресмектата од третото коло, но сите новинари во прес салата му порачуваа дека тоа е така поради огромниот пад на нивото на Ѓоковиќ, кој очигледно се жалеше на повреда и имаше проблеми со движењето.
Сосема изненадувачки, Ѓоковиќ успеа да смогне сили и да пронајде спектакуларни удари во петтиот сет, во кој двапати го „скрши“ Американецо и му го одзема сервисот за конечни 6:2 и победа од 3:2 по сетови. Новак веднаш по мечот изјави дека не е точно сигурен за каква повреда станува збор, но не беше премногу оптимистички настроен и најави можно непојавување на мечот против Раониќ во осминафиналето.
И покрај ова, Фриц не беше премногу уверен во здравнствените проблеми на Србинот, презентирајќи го како пример неговото ниво на игра во петтиот сет.
– Не знам зошто мислите така, во петтиот сет Новак ми изгледаше прилично добро. Морам да му оддадам признание за петтиот сет, беше навистина добар, ниту налик на третиот и четвртиот. Сервираше неверојатно, практично имаше два први сервира и речиси да не промаши.Ако беше навистина, навистина повреден, немаше да продолжи да игра. Изгледаше како да се мачи во третиот и четвртиот сет, но во петтиот не беше така и не изгледаше како играч кој има повреда, – изјави Фриц.
Comments