top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Флик ќе биде селектор на Германија

Ханс-Дитер Флик, поранешниот тренер на Баерн Минхен, потврдил дека набргу ќе ја официјализира соработката со Фудбалскиот сојуз на Германија. Флик ќе стане селектор на Германија по завршувањето на Евро 2020. Флик направи фудбалска револуција со Баерн. За 18 месеци, со Баварците двапати ја освои Бундеслигата, минатата сезона стана европски првак. Тој потврдил дека на почетокот на овој месец постигнал устен договор со челниците на националниот Сојуз и се обврзал дека ќе го наследи Јоаким Лев на функцијата. „Да, разговарав со Сојузот. Сите знаат што чувствувам кон националниот тим. Треба да средиме уште неколку ситини детали пред договорот да стане официјален“, рекол Флик. Флик во 2014 година му беше помошник на Лев кога Германија во Бразил стана светски првак.


2 views

ความคิดเห็น


bottom of page