„Флејминг липс“ приреди уникатен концерт во вселенски меури
26.01.2021 januari vtornik „Флејминг липс“ одржа серија концерти во родната Оклахома на кои и изведувачите и публиката беа во одделни топки на надувување што наликуваа на вселенски меури. На секој настап имаше по 100 меури, некои собираа до три лица, а членовите на бендот беа по еден во сопствените капсули. Концептот за ваков вид концерт доаѓа од фронтменот Вејн Којн, кој честопати се тркала врз толпа луѓе во зорб-топка во текот на свирките на бендот. Пред настапите, Којн изјави дека посетителите „ќе бидат побезбедни отколку кога одат во маркет по намирници“. Внатре во секој меур имаше дополнителен звучник со висока фреквенција што помага да се спречи пригушувањето на звукот, како и шише со вода, вентилатор што работи на батерии и крпа. Меурите имаат доволно воздух за да се користат со часови. Ако е премногу жешко, меурот се пополнува со ладен воздух со вентилатор за лисја. Во октомври минатата година бендот одржа кус пробен настап од ваков тип.
Comments