Филхармонија: Музичка “Хипноза“ со пијанистката Марија Ѓошевска и диригентот Антони Вит
- Aleksandar Santovski
- Mar 10, 2021
- 1 min read
Оркестарот на Филхармонија овој четврток, во 20 часот ќе го одржи концертот насловен „Хипноза“ на кој како солистка ќе настапи пијанистката Марија Ѓошевска.
Диригент е Антони Вит, а во рамките на програмата публиката ќе има можност да ужива во Серенада за дувачи оп.7 од Штраус, Концертот за пијано и оркестар бр.2 од Сергеј Рахмањинов и Серенада за гудачи од Карлович.
Добитникот на „Греми“ – маестро Антони Вит е еден од највлијателните полски диригенти и, воопшто, еден од најпочитуваните ликови на полската музичка сцена денес.
Марија Ѓошевска, пак, е една од најистакнатите пијанисти во Република Македонија. Секој нејзин нов настап ја потврдува констатацијата дека, во нејзината личност, македонската музичка сцена доби пијанист со врвни професионални перформанси, мунициозна виртуозност и изразита индивидуалност.

Comments