Филмот „Улиште“ освои три награди на „Санденс 2021“
04.02.2021 februari cetvrtok
Филмот „Улиште“ ги освои најзначајните награди на американскиот филмски фестивал „Санденс 2021“, за најдобар филм, најдобра режија и награда од публиката, соопшти Агенцијата за филм.
Филмот „Улиште“ на косовската режисерка Блерта Башоли, каде Република Северна Македонија се јавува како земја копродуцент со поддршка на Агенцијата за филм во 2018 година е всушност копродукција меѓу Косово, Северна Македонија, Швајцарија и Албанија.
-Четврта година по ред, на „Санденс“, (најголемиот фестивал за независен филм во САД), присутен е проект кој е финансиран од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија. Овој пат тоа е „Улиште“ кој е во малцинска копродукција на македонскиот продуцент „Црна мачка продукција“. Малцинските копродукции стануваат клучен фактор за освојување на светската кинематографија токму преку вакви соработки кои се препознавани од националните агениции за филм, соопшти Агенцијата за филм.
Од Агенцијата за филм потсетуваат дека изминатите години бевме присутни на „Санденс“ со филмовите: во 2018 година со „Види ја ти неа” на Горан Столевски (наградата Најдобар интернационален игран филм во категорија на кратки филмови), во 2019 година со „Медена земја“ (Големата награда на Жирито, Најдобар документарен филм и Награда за најдобра кинематографија) и во 2020 „Налепница“ на Георги Унковски, каде ја имаше својата светска премиера.
Comentarios