Упадот на навивачите го одложи дербито на „Олд Трафорд“
Големото дерби на англискиот фудбал помеѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул нема да се одигра денеска, откако навивачите упаднаа на теренот на „Олд Трафорд“ во пресрет на мечот кој беше закажан за 17.30 часот. Навивачите протестрираа против сопствениците на клубот, семејството Глејзер, по неуспешниот проект на Суперлигата.
– По разговорите помеѓу полицијата, Премиер-лигата, советот на Трафорд и клубовите, мечот против Ливерпул е одложен поради безбедносни причини. Ќе се разговара со Премиер-лигата за нов датум за мечот. Нашите навивачи се страствени за Манчестер јунајтед и комплетно го признаваме правото на слободно изразување и на протест, меѓутоа жалиме за ситуацијата која се случи денеска. Благодариме на полицијата за поддршката и за истрагата – се вели во соопштението на Манчестер јунајтед.
Comments