top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Уметноста му го „спасила животот“ на Пирс Броснан

01.02.2021 januari ponedelnik

Ирскиот актер Пирс Броснан за време на пандемијата на ковид-19 во неговиот дом на Хаваи се посветил на сликарството, својата втора страст. Тој на Хаваи е заедно сопругата Кели Шеј Броснан, пренесува магазинот „Пипл“.

Една галерија во Лос Анџелес сега продава ограничено серија од неговите слики именувани „Тампони за уши“, што ги создал за време на снимањето на неговиот прв филм за Џејмс Бонд „Златно око“ во 1995 година.

Приходите од продажбата на овие негови слики ќе бидат дадени на користење на организацијата „А сенс оф хоум“, за осамостојување на деца без родители по напуштање на згрижувачки семејства.

– Секогаш си правев сликарско студио кога одев на снимање. Кога ги снимав акционите секвенци за филмот, човекот задолжен за реквизити ги делеше овие тампони за уши заради пукотници и експлозиите – вели Броснан.

Тој првпат почнал да слика на 16-годишна возраст, кога го напуштил училиштето „со ништо друго освен картонска папка со цртежи и слики“.

– Уметноста ми го спаси животот. Успеав да се вработам и сакав да бидам графичар. Но додека работев во студиото три години, ја засакав глумата и тоа беше сè, се свртев кон таа уметност – објаснува Броснан.

Неговата страст кон сликарството исчезнала за некое време, но тој и се вратил во 1987 година, кога неговата прва сопруга Касандра Харис ја губеше борбата со ракот.

– Навистина излезе на виделина мојата страст во многу тешко време од мојот живот. Се свртев кон светот на сликарството и тоа ми пружи чувство на удобност. Оттогаш уметнички созреав. Одам во студио секој ден, дури и ако треба да чистам четки или само да ги преместувам боите – вели познатиот актер.

Портретот што Броснан му го направил на пејачот Боб Дилан бил продаден за 1,4 милиони долари на аукција во 2018 година.



9 views

Comments


bottom of page