top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

УЕФА донесе првична одлука за расистичкиот скандал во Париз

11.02.2021 februari cetvrtok

Угледниот романски медиум „Про Спорт“ ја пренесе првичната одлука на УЕФА по повод скандалозните сцени во Париз во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите, кога претставниците на турскиот тим Башакшехир обвинија дека биле жртва на расистички навреди од страна на четвртиот судија.

Романецот Колтеску се најде на удар откако го нарече „црнец“ Пјер Вебо кој е помошник во Башакшехир, па иако се обидуваше да објасни дека комуницирал на романски јазик со главниот судија Хатеган и тоа не е расна навреда во нивната земја, јавноста бурно го проследи сето тоа и се побара најстрога казна, пред се поради фактот што сцената се случи на елитен меч во најсилното европско натпреварување.

Сепак, „Про Спорт“ денеска пренесе дека УЕФА не забележала расистички акти и комисијата проценила дека не постоело расизам од страна на судиите во Париз, иако врз истите ќе биде извршена дополнителна истрага, по која ќе се знае какви казни ќе следат за прекршување на членот 11 од правилникот на УЕФА.

Првичната одлука на Европската Федерација е дека не следат казни за расизам, но не се исклучуваат примерни акзни за прекршување на членот 11 кој вели дека сите претставници на теренот треба да се држат до етичко однесување, лојалност, да го запазат интегритетот и спортскиот фер-плеј.

– Во поглед на истрагата покрената од УЕФА и дисциплинските експерти за случувањата во Париз меѓу ПСЖ и Истанбул Башакшехир на натпреварот кој се одигра на 8-ми декември, отворени се дополнителни случаи против Себастијан Колтеску и Октавијан Совре за можно прекршување на членот 11 од дисциплинската комисија. Ќе биде испратено дополнително соопштение за конечната пресуда, – гласи објавата на УЕФА.


1 view

Comments


bottom of page