Search
Три нови негативци и седумте џуџиња на Снежана во новото продолжение на „Маѓепсани“
Се чини дека продолжението на Дизниевиот „Маѓепсани“ (Еnchanted) доби официјален наслов Disenchanted и дека актерскиот тим на претстојниот филм постепено се заокружува.
Покрај екипата од оригиналниот филм – Ејми Адамс како принцезата Жизел и Патрик Демпси како љубовта на принцезата – во него ќе глумат и Роберт Филип и Идина Мензел (Frozen), како и сенаградуваните комичарки Маја Рудолф, Ивет Никол Браун (Community) и Xејма Мејс (Glee).
Се шпекулира дека трите новoдојдени актерки ќе играат сосема нови негативки во филмот бајка.
Comments