top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Трајковски: Жал ми е што овие млади момци нема да играат на ЕП, ќе им помагам додека ме држат нозете

22.02.2021 debruari ponedelnik

Нашата кошаркарска репрезентација се избори за победа на денешната пресметка против Естонија, но истата не беше доволно за да обезбедиме пласман на Европското првенство во 2020 година.

Ние остваривме триумф од 86-84, а ни беше потребно славје со двоцифрена разлика за место на Евробаскетот. Секако во македонската репрезентација се разочарани поради ваквиот исход, меѓутоа постои оптимизам дека во следните квалификации ќе успееме да дојдеме до посакуваната цел.

Еден од најискусните во селекцијата е Бојан Трајковски кој најави дека има намера да им помага на колегите додека го држат нозете се со цел да се дојде во настап на големата сцена во наредните години.

Жал ми е, и разочаран сум од тоа, пред сè најмногу што овие млади момци во нашиот тим нема да играат на Европското првенство догодина. И на претходните дуели покажавме дека можеме да играме со големите репрезентации,. Но тоа не беше доволно за да се пласираме на Евробаскетот.

Се надевам, и убеден сум дека во некои наредни квалификации ќе стигнеме до она што не успеавме да го реализираме овде. А јас ќе бидам со нациналниот тим се додека ме држат нозете, односно додека играм кошарка. Се со една цел, да им бидам од помош на овие момци кои се тука со нас, и на кои е иднината на нашата кошарка. Секогаш ќе му бидам на располагањње на напито анцинален тим, се додека играм кошарка, -порача членот на Пелистер кој денеска беше втор стрелец со 21 постигнат кош.


1 view

Comments


bottom of page