Search
Традиционалниот Виенски Новогодишен концерт првпат без публика
01.1.2021 Јануари Петок
Традиционалниот Виенски Новогодишен концерт оваа година се одржува без публика поради Ковид-19 пандемијата.
Овој 1 јануари музичарите од виенската филхармонија под диригентската палка на Италијанецот Рикардо Мути, настапуваат пред празна сала, првпат откако се одржува овој концерт од 1939 година.
За да се надомести тишината, особено по воочливата полка и маршот кои традиционално се на програмата, телевизијата ORF го живо ги пренесува аплаузите на гледачите – 7000 луѓе кои онлајн може да го споделат своето воодушевување.
Новогодишниот концерт посветен на династијата Штраус се пренесува во повеќе од 90 земји во светот со 50 милиони телевизиски гледачи.
コメント