Search
Том Џонс му го одзеде тронот на Боб Дилан
05.04.2021 Maj Sreda
Сер Том Џонс стана најстариот музичар меѓу мажите, чиј најнов албум, насловен „Surrounded By Time“, го зазел врвот на британската топ-листа на албуми, објавија британските медиуми.
Пред виталниот осумдесетгодишен „рудар од Велс“, рекордот го држеше кантавторот Боб Дилан, кој лани со албумот „Rough and Rowdy Ways“ го зазеде првото место во својата 79. година.
Но не треба да се заборави дека најстарата уметница што го освоила врвот на топ-листите во 2009 година, со албум со своите најголеми хитови, на 92 години, била покојната Вера Лин.
Comentários