top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Тина Тарнер и Џеј Зи влегуваат во храмот на рок-музиката

Кралицата на рокенролот Тина Тарнер, славниот рапер Џеј Зи и женскиот поп-бенд од 80-тите, „Го-го“, се меѓу најновите изведувачи избрани за влез во Холот на славните во рокенролот. Другите во класата 2021 година во Rock & Roll Hall of Fame, со седиште во Кливленд, се бендот „Фу фајтерс“, текстописецот Керол Кинг и рокерот Тод Рундгрен. Оваа година Тина Тарнер е избрана како соло музичарка и ќе биде внесена како признание за нејзината самостојна кариера. Таа претходно беше почестена како член на дуото „Ајк и Тина Тарнер“. Големата церемонија на внесување на новите избрани уметници ќе се одржи на 30 октомври во Кливленд, Охајо.


2 views

Kommentare


bottom of page