top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Тажна олимписка приказна: Шест пливачи од Полска вратени од Токио поради бизарна грешка

Updated: Jul 21, 2021

20.07.2021 Juli Vtornik

Олимписките игри во Токио официјално ќе стартуваа за три дена, случување кое има посебна важност и најголемо значење кај огромен број спортисти кои жртвуваат неколку години од животот за да ја претставуваат својата земја на една Олимпијада.

Честа да се брани националниот грб на едни летни Олимписки игри носи посебна гордост, но шест Полјаци доживеаја огромен шок на неколку дена пред почетокот на пливачките турнири, откако цела напорна работа им пропадна во вода поради административна грешка на националниот олимписки сојуз.

Шест полски пливачи/ки останаа без шанса за настап во Токио и покрај тоа што имале обезбедено норма, откако полскиот олимписки комитет направил грешка при пријавувањето на учесниците од оваа земја. Шесте најавени учесници пристигнале во Токио со цела експедиција на Полска, но биле експресно вратени од организаторите на Олимпијадата поради неверојатниот и аматерски превид.

Алиција Тхош, Бартош Пишторович, Александра Поланска, Матеуш Хованјец, Доминика Косаковска и Јан Холуб се натпреварувачките кои не ја криеја горчината и го нападнаа својот Олимписки комитет, кој пак го разбира бесот, но ја префрла вината кај ФИНА.

– Изразувам големо жалење, тага и горчина за ситуацијата поврзана со нашите пливачи на Олимписките игри во Токио. Реакциите на пливачите и нападот врз полскиот сојуз се оправдани и разбирливи, но за оваа ситуација е виновен организацискиот одбор или ФИНА, – изјавил првиот човек на полскиот олимписки комитет, Павел Сломински.


4 views

Comments


bottom of page