top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Струмичките актери: Министерството за култура треба да стави клуч доколку одлучува против културните

11.02.2021 februari cetvrtok

Ова Министерство за култура треба да стави клуч доколку одлучува против културните работници и дозволува друг да одлучува за културните политики во државата. Не може и не смее некој со несоодветно образование, со ниту еден ден стаж во областа на културата и уметноста, да поседува стручни и други квалификации за развој на установата“, велат струмичките актери кои и на денешната втора по ред средба со министерката Стефоска, како што велат, не најдоа заедничко решение

„Очигледно дека на нашите барања да се департизира културата и конечно да се стави крај на партократското владеење со културата, јавните добра и културните институции, вие останувате глуви и не сакате да ја увидите потребата на културните работници, кои со години наназад се соочуваат со проблеми од таквото владеење“, истакнаа вчера на протестот пред Министерството за култура струмичките актери, кои, како што велат, не се откажуваат од правдата. Револтирани од назначувањето на спортски работник за менаџер на Културниот центар во Струмица, тие вчера излегоа на протест пред министерството на кое неодамна му дадоа рок да ја преиспита одлуката.

Тие уште еднаш ги поставија прашањата: “До кога некомпетентни кадри ќе се ставаат на раководни позиции на културни институции? До кога истите критериуми се читаат на еден начин за едни, а на сосема друг за други? До кога треба да повторуваме дека културата не е формално-правнаместенка, туку место на градење на квалитет и компетенција?“. Нивното барање на кое инсистираат е отповикување на одлуката за избор и именување на генерален директор, поставување на в.д. директор за непречено работење на институцијата и распишување на нов конкурс за директор во најкраток рок.

“Ова Министерство за култура треба да стави клуч доколку одлучува против културните работници и дозволува друг да одлучува за културните политики во државата. Не може и не смее некој со несоодветно образование, со ниту еден ден стаж во областа на културата и уметноста, да поседува стручни и други квалификации за развој на установата, како што самите сте навеле во вашата одбрана за решението коешто сте го донеле во негова полза?! А од неговата документација, јасно и недвосмислено се гледа дека избраниот кандидат таквите квалификации не ги поседува“, истакна вчера Ванчо Василев, претставник на драмски ансамбл на Струмички театар. По кратко време од отпочнувањето на протестот претставниците беа повикани на разговор кај министерката Стефоска, но, како што велат, не најдоа заедничко решение.

“Остануваме во дијалог со Министерството за култура, битката ќе ја продолжиме по институционално-правен пат, како и со искажување на револт и незадоволство преку организирани протести, како што веќе најавивме“, велат струмичките актери

Тие претходно одржаа и состанок со националниот координатор за култура во Владата на РСеверна Македонија, Роберт Алаѓозовски, но, како што истакнаа, до разрешница на проблемот не дојде.

Од Министерството за култура, пак, вчера до затварањето на весникот не добивме информација за средбата.

Претходно, оттаму посочија дека сите правни аспекти укажуваат дека нема основ за постапување од страна на министерката.

“Во програмата на новиот директор главно е решавање на инфраструктурни проблеми, како и обезбедување на подобри услови за работа. За програмата, пак, установата има уметнички директор. Инаку, според биографијата, назначениот директор има менаџерски способности“, истакнаа од Министерството за култура.

Неодамна струмичките актери ја започнаа иницијативата „Фис – култура или култура“ кој доби поддршка од околу 320 културни работници од целата држава. Меѓу нив има голем број актери, драмски писатели, музичари, ликовни уметници, режисери, костимографи и сценски работници.




1 view

Comments


bottom of page