top of page

Сталоне млад држел човек над главата: Кревав што и да било, само за да вежбам!

Долговечноста на Силвестер Сталоне во филмската индустрија е легендарна со успехот на филмовите „Роки“, „Рамбо“, Експендаблс“, „Крид“… И, според номиналната вредност, лесно е да се види колку физичката подготвеност на актерот играла улога во тие филмови, кои се претворале во франшизи што заработуваат пари со децении. Во новата објава на „Инстаграм“ 74-годишникот ја покажа потребата да ги гради своите мускули како и смислата за хумор кога сподели своја стара фотографија како тинејџер кој крева човек преку главата. Фотографијата го покажува Сталоне млад во далечната 1965 година додека мирно го држи човекот над својата глава. „Еден добар пријател ми ја испрати оваа стара фотографија кога сум имал 19 години“, напиша тој во описот на објавата. „Смешно, кога не можев да одам во сала за вежбање, кревав што и да било, само за да вежбам! Луд, нели?“, се пошегува Сталоне.




 
 
 

Commenti


bottom of page