„Средбата на генерациите“ им припадна на ветераните
Под името „Средба на генерации“ се одигра двокружен меч на шест табли во класичен шах помеѓу талентираните млади шахисти на Гамбит Асеко СЕЕ и искусните ветерани, предводени од капитените Зоран Стојчевски и Илија Стошевски. Во првиот меч ветераните славеа со 4,5-1,5, но во вториот меч сосема поинаква слика, односно надежите покажаа многу поголема умешност и самодоверба, која беше пресудна да дојдат до нерешен резултат, 3-3.
– Овој двомеч, всушност, беше еден вид мерило колку се квалитетни нашите млади надежи, потоа да им го пренесеме нашето стекнато знаење и наедно да иницираме вакви дуели и дружења да има што повеќе во иднина. Претходно ние, ветераните, одигравме и меч со Сојузот на слепи шахисти, двокружно, но на еден час. Следен двомеч што иницираме да го одиграме е со младите и талентирани шахисти на ШК Алкалоид на осум табли, но првпат по т.н. сонеберг-систем (едната екипа, ветераните, не ги менува своите места, а другата ги ротира своите шахисти во секое коло, а сепак секој поединечно си собира поени – н.з.). Ние, шаховските ветерани наскоро ќе формираме и клуб под името Скопје 72 – ни изјави Стошевски.
Резултати, прв меч: Кралевски – Велјаноски 0-1, Љ. Илиќ – Златков реми, Трајковски – Петрески 1-0, Хаџи-Манев – Суклевски 1-0, Стошевски – Калин 1-0, Голубовиќ – Жежовска 1-0.
Резултати, втор меч: Велјаноски – Кралевски 1-0, Златков – Љ. Илиќ 1-0, Петрески – Трајковски 0-1, Суклевски – Хаџи-Манев реми, Калин – Стошевски 0-1, Жежовска – Голубовиќ реми.
Г.И.
コメント