Search
Софија Вергара и Хајди Клум во лежерно издание за судиските должности во „Америка има талент“
13.04.2021 April Vtornik
Тие се дел од четиричленото жири на забавното ТВ-шоу за таленти. Sвездите на America’s Got Talent, Софија Вергара и Хајди Клум, пристигнаа во стил пред студиото за снимање во Лос Анџелес, Калифорнија. 48-годишната Софија во лежерно летно издание – бела плетена блуза во комбинација со кропнати фармерки. Ако некој во Холивуд сака да носи искинати фармерки, тогаш тоа е дефинитивно актерката Вергара. Атрактивната Колумбијка не може да го скрие својот сексапил, па дури и во секојдневна облека. Поранешниот супермодел Хајди (47) на себе има светлозелено палто во боја на лимета со големи ревери.
Comments