top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Соработка со Грција за конзервација и реставрација на византиското наследство

Во работна посета на земјава од денеска до 4 април престојува делегација од Грција – Флора Карагијани од Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици (ЕКБММ) и Марија Мерцани, раководителка на Дирекцијата за конзервација на антички и современи споменици. Тие денеска имаа средба со министерката за култура Ирена Стефоска на која, меѓу другото, беше иницирано потпишување меморандум за соработка со Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици. -НА СРЕДБАТА БЕШЕ ПОТВРДЕНА ОТВОРЕНОСТА ЗА КОНКРЕТНА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ДВЕТЕ ПРИЈАТЕЛСКИ ЗЕМЈИ СО ОСОБЕН ФОКУС НА КОНЗЕРВАЦИЈА И РЕСТАВРАЦИЈА НА ВИЗАНТИСКОТО НАСЛЕДСТВО, ОБУКА НА СТРУЧНИ КАДРИ ЗА ЗАШТИТА, КАКО И АКАДЕМСКА СОРАБОТКА И ИЗРАБОТКА НА ТРУДОВИ. НА СРЕДБАТА БЕШЕ ДОГОВОРЕНО ДЕКА СОРАБОТКАТА ЌЕ СЕ ФОРМАЛИЗИРА ОВАА ПРОЛЕТ, А НЕКОИ ОД ЗАЕДНИЧКИТЕ ПРОЕКТИ ЌЕ МОЖЕ ДА ПОЧНАТ ВЕЌЕ ОВАА ГОДИНА, СООПШТИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА. По средбата во Министерството за култура, делегацијата од Грција ќе ги посети и Археолошкиот музеј, Заводот за заштита на спомениците на културата во Битола, црквата „Св Ѓорѓи“ во Курбиново и црквата „Св Софија“ во Охрид. Како што информира Министерството за култура, за време на посетата тие ќе разговараат со наши експерти за можностите за соработка, размена на идеи и обуки на млади лица во заштитата на културното наследство, односно заштитата на византиските и поствизантиските споменици на културата. Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици е управуван од Одбор составен од седум члена назначени од страна на Министерството за култура и спорт на Република Грција. -ЦЕНТАРОТ ИМА ПОШИРОК СПЕКТАР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ, КОЈ ОПФАЌА ОРГАНИЗИРАЊЕ КУРСЕВИ И ОБУКИ, ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ ЗА НАУЧНИ СТУДИИ ИЛИ УЧЕСТВО ВО НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТИ, УЧЕСТВО ВО НАЦИОНАЛНИ ИЛИ МЕЃУНАРОДНИ ПРОГРАМИ ЗА НАУЧНО ИСТРАЖУВАЊЕ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ, УЧЕСТВО ВО НАУЧНИ АКТИВНОСТИ И МИСИИ НА МЕЃУНАРОДНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ, КАКО И ИЗРАБОТКА И ОБЈАВУВАЊЕ НА НАУЧНИ СТУДИИ И ДРУГИ РЕЛЕВАНТНИ НАУЧНИ АКТИВНОСТИ, НАВЕДУВА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА. Извор:МИА






2 views

Comments


bottom of page