Солскјер одлучил кој ќе биде прв голман во новата сезона, наскоро две нови засилувања за клубот
Updated: Jul 21, 2021
20.07.2021 Juli Vtornik
Манчестер Јунајтед ги започна подготовките во пресрет на новата сезона кои поради ковид пандемијата ќе бидат целосно изврешни во Англија.
Тренерот на клубот, Оле Гунар Солскјер полека добива појасна слика за тимот кој ќе го има следната сезона, а во кој се очекуваат уште неколку новајлии во составот.
Досега официјално пристигна само Том Хитон, додека готов е и трансферот на Џејдон Санчо за кого се чека само официјална потврда.
Следни фудбалери кои верјатно ќе пристигнат на „Олд Трафорд“ се Кјеран Трипие од Атлетико Мадрид и Рафаел Варан од Реал Мадрид, и тука клубот веројатно ќе престане со засилувања, освен ако не испадне прилика да се ангажира нов фудбалер од средниот ред.
Познатиот англиски новинар, Сем Лукхурст, пренесе дека Оле веќе донел конечна одлука и за голманската позиција. Дин Хендерсон ќе ја започне сезоната како прв голман, додека Давид Де Хеа ќе биде неогва резервна опција и веројатно ќе ги брани натпреварите од Лигата на шампионите.
Comments