Search
Со средства од Министерството за култура Музеј Куманово годинава ќе реализира 25 проекти
- Aleksandar Santovski
- Mar 10, 2021
- 1 min read
Музеј Куманово со добиените 2.650.000 илјади денари од Министерството за култура за реализирање проекти од годишната програма за тековната година предвидено е да реализираа вкупно 25, соопштија надлежните од оваа национална установа.
Со проектите, одвоени се милион и 810.000 денари за музејска дејност, 500.000 за ликовна дејност, 60.000 за тековно одржување на Кокино и 280.000 илјади денари за продолжување на санацијата на платото пред Меморијалниот центар АСНОМ.
„Генерално земено и годинава, како и претходните, задоволни сме од она што ние го понудивме и она што ни е одобрено од Министерството за култура како годишна програма за 2021 година“, изјави директорот на Музеј Куманово, Богдан Таневски.

コメント