Со претставата „+18“ започнува петнаесеттото издание на „МТФ Скупифестивал 2021“
Со претставата „+18“ на градскиот театар „Хади Шеху Ѓаковица“ од Косово, вечер во 20 часот во Куршумли ан Скопје почнува петнаесеттото издание на „МТФ Скупифестивал 2021“.
Програматa на годинашната едиција нуди современи театарски текстови, културни текови преку прикажување на иновативни и прогресивни претстави, како во театарскиот израз така и во способноста да поттикнат критичко размислување кон општествените и социјалните предизвици.
Оваа година на фестивалот ќе гостуваат театарски групи од Косово, Србија, Албанија, Бугарија, Словенија и Русија.
Фестивалот ќе биде отворен со преставата „+18“ на градскиот театар„ Хади Шеху Ѓаковица“ од Косово. Автор на текстот е Давид Мамет.
-Во четврток ќе се претстави Јолџу од Истанбул, со преставата „Венера во крзно”. Настаните во делото се сместени во магична атмосфера, напишана како фикција и привлекува внимание со своето изненадувачко финале, актерите влегуваат од улога во улога играјќи различни карактери. Aвтор на текстот Давид Ивес.
Во петок пак „Вазраждане“ од Софија ќе се претстави со преставата „Соба за Гости“, а во сабота во 20 часот Народен театар Тузла ќе ја одигра преставата „Крекање“.
-Во недела, фестивалот завршува со преставата „Пикасо и Ајнштајн во еден бар во Парис “ од театар „Метропол Тирана“. Претставата во центар ги става двата главни лика, познатиот сликар Пабло Пикасо и научникот Алберт Ајнштајн.
МТФ Скупифестивал има и натпреварувачки карактер, каде што избраното жири одлучува за најдобра престава на фестивалот. Во ова издание ќе се погрижи жирито составено од Тауланда Јупи, режисерка од Тирана, Аделина Марку и Елмазе Нура, режисерка од Приштина.
Годинашното издание на фестивалот ќе се организира во просториите на Куршумли ан во Скопската чаршија.
МТФ СкупиФестивал 2019 е поддржан од Министерство за култура, Град Скопје, Институтот Јонус Емре и Македонски Телком.
Comments