top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Снимањето на “Фантастични ѕверки 3“ е сопрено поради актер заболен од мутација на коронавирус?!

05.02.2021 februari petok

Снимањето на третиот дел од филмот „Фантастични ѕверки“ во Хертфордшир, Англија, беше запрено по позитивен корона-тест на член на тимот, објави „Дејли меил“.

„Ворнер Брос“ сѐ уште не соопштуваат за тоа кој е заразен, но работата на филмот е стопирана и не се знае кога ќе продолжи.

Гласините говорат дека човекот е еден од глумците. Во филмот глумат Џуд Ло, Медс Микелсен, Еди Редмајн…

Сомневањата се и дека пациентот може да има јужноафриканска мутација на коронавирусот. Британските власти оваа недела објавија дека 11 лица се заразени со јужноафриканската варијација на новиот коронавирус, а некои од нив се од Хертфордшир. Се смета дека таа е поотпорна на постојните вакцини.


8 views

Comentários


bottom of page