top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Скорсезе: Стриминг-алгоритмите ги оштетуваат филмовите

22.02.2021 februari ponedelnik За многумина заглавени дома во самоизолација, стриминг-услугите го одржуваа филмското искуство во живот, нудејќи безбедна алтернатива додека киносалите остануваат затворени. Но, филмскиот режисер Мартин Скорсезе не е таков фан. Во есеј за списанието „Харперс базар“, тој предупредува дека киното се обезвреднува и омаловажува со тоа што се става под терминот „содржина“. На тема „Стриминг-платформите цветаат во текот на локдаун“ тој конкретно го критикува недостатокот на курирање на стриминг-платформите и нагласува дека алгоритмите, кои даваат препораки засновани врз индивидуални или колективни навики за гледање, ја оштетуваат уметничката форма и „го третираат гледачот како потрошувач и ништо друго“. Не е првпат Скорсезе, култниот режисер зад класиците „Таксист“,„Ловец на елени“, „Разгневениот бик“, „Добри момци“…, да се изјасни против состојбата во филмската индустрија. Во 2019 година, тој предупреди на зависноста на мултиплексот од филмови со суперхерои, споредувајќи ги филмовите на „Марвел“ со возења во тематски паркови. Мартин Скорсезе, режисер, сценарист, продуцент, важи за еден од најзначајните и највлијателни филмаџии во историјата на кинематографијата.


2 views

Comments


bottom of page