top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Синот на принцот Хари и Меган денес полни две години, среќен роденден Арчи!

06.05.2021 Maj Cetvrtok

Првите две години од животот на Арчи Маунтбатен-Виндзор сигурно беа многу зафатени. Војводата и војвотката од Сасекс направија два преседани во кралската традиција – тие организираа интимна приватна крштевка на нивниот син во капелата во замокот Виндзор, и решија да не го откриваат идентитетот на неговите кумови. Но, наскоро бебето Арчи се врати во кралскиот колосек, и тој патуваше низ светот со неговите родители, придружувајќи им се на принцот Хари и Меган на нивната 10-дневна кралска турнеја низ Африка во септември и октомври 2019 година. Таму го запозна архиепископот Дезмонд Туту – секако прилично голема чест за едно бебе. Арчи го помина својот прв Божиќ со своите родители во Канада, наместо со остатокот од кралското семејство во Сандрингем – одлука што имаше многу повеќе смисла во светло на објавата на Хари и Меган во јануари 2020 година за нивниот план да се повлечат од кралскиот живот . Двојката предвиде дека иако сакаат да го воспитуваат Арчи со благодарност за кралската традиција во која е роден, тие се надеваа дека транзицијата ќе му обезбеди на малото семејството простор да се фокусира на следното поглавје. А денес, кога Арчи Маунтбатен-Виндзор, синот на војводата и војвотката од Сасекс, наполни две години, некои британски медиуми објавија стари фотографии од него и семејството, повеќето од нив датираат од 2019 година. И неколку понови, најверојатно од минатата или оваа година.






1 view

Comments


bottom of page