Search
„Силви бенд“ го честитаат празникот со песната „На Велигден“
„Силви бенд“ деновиве го претставија новиот сингл „На Велигден“, како честитка за празникот. Текстот и музиката се на Силви, аранжманот го направи Влатко, а песната е снимена во нивното студио во Скопје. Како што најавија, овој сингл ќе се најде на нивниот осми албум. Песната веќе се врти по радио станиците и го наоѓа патот до срцата на слушателите.
„Почитувани, чест и задоволство ни е да ви го претставиме нашиот најнов сингл „На Велигден“, со кој сакаме да ви го честитаме еден од најголемите православни празници, Велигден! Ве сакаме!“, напишаа Силви и Влатко Плевнеш на социјалните мрежи.
Минатата година за време на Велигденскиот карантин тие одржаа концерт на балконот на својот дом во скопската населба Козле. М.Т.
Comments