Search
Серена Вилијамс позира во креација на својата пријателка Кели Роланд
- Aleksandar Santovski
- Mar 17, 2021
- 1 min read
Серена Вилијамс добива модно појачување од нејзината добра пријателка Кели Роланд. 39-годишната тениска ветеранка ги покажа своите облини во тесен плетен фустан во вторникот, откривајќи дека дизајнерката не е никој друг, туку пејачката на „Дестинис Чајлд“. Очигледно задоволна од тоа како ѝ прилега оваа креација, таа им се обрати на своите 13 милиони следачи ма Инстаграм: „Наскоро ќе го навлечам овој фустан на себе!“ 23-кратната добитничка на Грен слем трофеи апсолутно изгледа „слем“ во фустанот, за кој напиша дека е многу сладок.



Comments