top of page

Селин Дион не размислува за повторно вљубување

Селин Дион откри дека не размислува за повторно вљубување по смртта на нејзиниот сопруг Рене Анжелил во 2016 година. Канадската пејачка позната по неколку хитови, меѓу кои и My Heart Will Go On, трагично го загуби сопругот пред пет години. Тој почина по битката со рак на грло во јануари 2016 година. И за разлика од насловот на нејзината најпопуларна песна од филмот „Титаник“, Селин открива дека сè уште не е подготвена да продолжи понатаму, бидејќи вниманието го насочува на своите деца Рене-Чарлс (20) и 10-годишните близнаци Нелсон и Еди, и на самиот живот. „Не знам. Немам идеја. Но, во овие моменти мојата љубов се моте деца и мојот живот со нив. Не размислувам за врска и за вљубување повторно. Дали треба да кажам дека никогаш повеќе нема да се случи? Не знам“, рече таа како гостин во емисијата „Тудеј“.


 
 
 

Comments


bottom of page