top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Се чека во редици за албумот за ЕП 2020 на „Панини“

02.04.2021 April Petok

Пуштањето во продажба на официјалниот албум со самолепливи сликички на „Панини“ за претстојното Европско првенство во фудбал, предизвика голем интерес меѓу скопјани, како што може да се забележи на фотографиите на фоторепортерот на „Нова Македонија“ Игор Бансколиев.

Луѓе од сите возрасти и родители со своите деца стоеја во редици пред едно продажно место во Скопје, со цел да дојдат до албумот. Интересот очекувано е зголемен поради пласманот на фудбалската репрезентација на Македонија на Европското првенство.– Никогаш досега не сум собирал албум, но сега ќе го сторам тоа бидејќи Македонија ќе игра на Европското првенство – кажа еден луѓето кои чекаа да го купат албумот.

Албумот на „Панини“ ќе излезе како подарок заедно со бројот на „Нова Македонија“ на 10 април (сабота).




2 views

Comments


bottom of page