top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Сара Џесика Паркер сподели сувенир од „Сексот и градот“

Сара Џесика Паркер откопа класично парче сувенир од „Сексот и градот“ пред рестартирањето на хит-серијата. Во понеделникот 56-годишната актерка на својот „Инстаграм“ објави фотографии со сандали од маестралниот дизајнер Маноло Бланик, кои нејзиниот лик Кери Бредшо ги носеше во серијата. Имено, во една од епизодите Кери видно се потресе кога откри дека кучето на тогашниот партнер Ајдан Шо ѝ ги изџвакал нејзините омилени обувки. Сандалите славно ги уништи кучето Пит во четвртата сезона на хит-серијата. Во објавата на социјалната мрежа таа го означи официјалниот профил на претстојната рестартирана серија на „Ејч-би-о макс“.




3 views

Comments


bottom of page