top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Санацијата во 2021: Спомен-куќата „Музеј на Лазар Личеноски“ ќе ја доживее својата ренесанса

12.01.2021 Јануари Вторник

„Од првиот момент на моето доаѓање (2015 н.з) вложив напори да се покаже разбирање за неопходноста од реализацијата на овој проект. Имено и покрај нашите напори да ги одржиме и музејските предмети, и куќата, во добра кондиција до обезбедувањето на финансии и отпочнување со конзервација и преадпатација, сè повеќе сме исправени пред проблемот на постепено нејзино пропаѓање. Така наместо да ја доживее својата ренесанса и да ѝ понуди на публиката посебно уживање меѓу спомените и делата на нашиот еминентен уметник Лазар Личеноски, имаме само тажна слика на напуштен објект. Мислам дека трудот и моите апели наидоа на слух и конечно ќе можеме да пристапиме кон комплетна реализација на овој проект“, вели за весникот „ВЕЧЕР“ директорката на Националната галерија Дита Старова Ќерими

„Санацијата на Спомен-куќата ‘Музеј на Лазар Личеноски’ е започната и ќе се одвива со засилена динамика на реализација по одделните фази во оваа, 2021 година. За 2020 година, во Буџетот беа обезбедени 1.000.000,00 денари за отпочнување на реализацијата на изготвениот Основен проект за заштита на куќата на Лазар Личеноски во Скопје, во делот на: архитектурата, статиката, машинството, водоводот, електриката, партерното уредување, ПП3 И ХТЗ. Основниот проект за Куќата е изработен и ги има поминато административните процедури на одобрување. Во тек е и следи реализација на предвидените фази во Проектот“, велат за весникот „ВЕЧЕР“ од Министерството за култура од каде истакнуваат дека заштитата на Куќата на Личеноски останува приоритет на Министерството, и во таа насока, во Буџетот за 2021 година ќе бидат обезбедени средства за оваа намена.

Како што ни појаснија оттаму, во согласност со Законот за заштита на културното наследство, надлежна установа од областа на заштитата на недвижното културно наследство за Скопје и Скопско е НУ Конзерваторски центар – Скопје. „Според тоа, Куќата на Личеноски, во смисла на недвижно културно наследство е во надлежност на оваа установа. Во согласност со истиот закон, пак, надлежна установа за заштита на движното културно наследство е Националната галерија, која што презема сооодветни активности“, велат од Министерството за култура.

Што се однесува, пак, за тоа во каква состојба во моментов е спомен-куќата на Лазар Личеноски, којшто е четвртиот објект во надлежност на Национална галерија, за ‘ВЕЧЕР“ одговори директорката на оваа институција Дита Старова Ќерими. „Куќата може да се каже дека е во релативно добра состојба, но неминовно е да се отпочне со реновирање на истата за да конечно таа ја оствари својата вистинска намена Спомен-куќа ‘Музеј на Лазар Личеноски’. Кога велиме во добра сотојба тоа значи дека ние, од наша страна како институција која ја поседува во владение, се грижиме сè што во даден момент ќе се покаже како потреба да го санираме до отпочнување на активностите за нејзина ревитализација“, вели директорката Старова Ќерими.

И таа посочува дека тие активности предвидуваат ревитализација и преадаптација во спомен-куќа и во поглед на архитектурата и во поглед на движниот културан материјал. „Проектите кои опфаќаат конзервација на движниот културен материјал и се во наша надлежност се веќе завршени и редовно се аплицира во рамките на Националната програма за да се обезбедат финансии за отпочнување со активности. Движниот културен материјал е евидентиран и згрижен во нашите депоа со што сме обезбедиле максимална заштита на истиот како впрочем и за сите останати дела од колекцијата“, додава Старова Ќерими посочувајќи дека и Градскиот завод за заштита веќе е во фаза на објавување на тендери за реалзирање на проектот за санација на куќата.

Според Старова Ќерими, Националната галерија постојано вложува максимални напори за обезбедување на сите предуслови за куќата конечно ја оставри својата намена и да се исполни желбата на семејството Личеноски.

„Јас веќе во првиот момент од моето доаѓање (2015 н.з) вложив напори да се покаже разбирање за неопходноста од реализацијата на овој проект. Имено и покрај нашите напори да ги одржиме и музејските предмети, и куќата, во добра кондиција до обезбедувањето на финансии и отпочнување со конзервација и преадпатација, сè повеќе сме исправени пред проблемот на постепено нејзино пропаѓање. Така наместо да ја доживее својата ренесанса и да ѝ понуди на публиката посебно уживање меѓу спомените и делата на нашиот еминентен уметник Лазар Личеноски, имаме само тажна слика на напуштен објект. Мислам дека трудот и моите апели наидоа на слух и конечно ќе можеме да пристапиме кон комплетна реализација на овој проект“, вели директорката на Националната галерија.

Инаку, оваа институција иако до Министерството за култура претходните неколку години (за 2019,…) испраќала апликации за одобрување на средства за санација на објектот, сепак оттаму не добивале позитивен одговор. „Не можам да шпекулирам и не сакам да инсинуирам кои би биле причините зошто Комисијата, во која секако седат стручни лица и професиналци, не го земале в предвид значењето на овој проект, значењето на авторот и обврската која сите ние сме ја преземале пред семејството на Личеноски и пред јавноста како институции, но се чини најмногу како завет пред авторот кој заслужува сите ние да се однесуваме со почит кон неговото творештво и неговата оставштина. Ова се однесува како на него, така и на сите други автори кои ја обележале нашата ликовна сцена“, посочи таа истакнувајќи дека, иако не може да каже колку точно средства ќе бидат обезбедени, се надева дека тие ќе ја вклучат целокупната санација на куќата, како архитектурата, односно самиот објект, така и движниот културен материјал.

„На тој начин би се забрзале во голема мера работите и после речиси 10 години би имале конечно што да ѝ покажеме на јавноста. Ние сме спремни веќе овој момент да отпочнеме со активности со оглед дека проектите се веќе готови. Но, повторно да кажам, тоа зависи од тоа кога и колку средства ќе бидат одобрени. Се надевам сите или барем во најголем дел потребни за да се почне со санацијата и со можност таа да тече непрекинато, за да во што поскоро време спомен-куќата ‘Музеј на Лазар Личеноски’ ѝ стане достапна на јавноста во најубавото светло, така како што сите сакаме да ја видиме“, додаде Старова Ќерими.





9 views

Comments


bottom of page