top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Роналдо: Не бркам рекорди, тие мене ме бркаат

Кристијано Роналдо, по завршувањето на сезоната, напишал дека се гордее на она што го постигнал сезонава и во својата досегашна кариера. Јувентус не успеа да ја одбрани титулата, а дури во последното коло обезбеди пласман во Лигата на шампионите. „Животот и кариерата на секој врвен фудбалер се проткани со подеми и падови. Секоја година се соочуваме со фантастични тимови, со исклучителни фудбалери и со амбициозни цели. Поради тоа, мораме да даваме сѐ од себе за да ја одржиме врвната форма. Оваа година не успеавме да ја освоиме Серија А, му честитаме на Интер, заслужено ја освоија титулата. Сепак, морам да се гордеам на она што го постигнав со Јувентус оваа сезона, тимски и индивидуално. Ги освои Купот и Суперкупот, индивидуално го освоив трофејот за најдобар стрелец. Во земја во која ништо лесно не се освојува овие трофеи ме прават да бидам среќен. Со овие успеси ја остварив целта што си ја поставив од првиот ден кога дојдов во Италија – да освојувам трофеи и да бидам најдобар играч и стрелец. „Многупати сум рекол дека не бркам индивидуални рекорди, тие ме бркаа мене. За оние што не разбираат што сакам да кажам, ова е многу едноставно: фудбалот е колективна игра, но со индивидуалните достигнувања им помагаме на нашите тимови да си ги остварат целите“, им порачал на своите фанови 36-годишниот Роналдо.


2 views

Comments


bottom of page