Роберт де Ниро и Џон Бојега заедно во трилер за поранешен возач на Формула 1
26.01.2021 januari vtoenik Роберт де Ниро и Џон Бојега влегуваат во брза лента со новиот трилер The Formula за „Нетфликс“. 77-годишниот Де Ниро и 28-годишниот Бојега ќе бидат главни протагонисти во филмот, а Де Ниро ќе биде и продуцент заедно со својот долгогодишен соработник Џејн Розентал, објави порталот „Дедлајн“. Жерард Мекмареј го напиша сценариото и воедно и ќе го режира филмот, негова втора соработка со „Нетфликс“ откако претходно напиша и режира еден од нивните први оригинални филмови, Burning Sands, од 2017 година. Според најавата, „Формулата“ е возбудлива сторија за некогашен возач на трки, „тркачко чудо на Формула 1, кој е принуден да стане возач за бегство за да го спаси единственото семејство што му остана“. Некогашниот тркач на Ф1 мора да вози за мафијата за да го спаси своето семејство.
Comments