top of page

Ријана се почести со нова куќа од 13,8 милиони долари

Ријана купи прекрасна палата на Беверли Хилс изградена во 30-тите години на минатиот век. Импресивната вила за која даде 13,8 милиони долари се наоѓа преку една улица од сер Пол Макартни, со кого претходно работеше заедно на хитот FourFiveSeconds во 2015 година. Куќата со преубав двор и отворен базен, седум спални соби и седум бањи, се наоѓа на една затскриена и бујна патека во планините, на површина од 21.958 квадратни метри и првично е изградена во 30-тите. Меѓу другите соседи на 33-годишната магнатка на истата тивка улица е и Мараја Кери, која со години изнајмува имот тука, а од неодамна и Мадона го избра ова совршено прибежиште во екот на пандемијата.




 
 
 

Comments


bottom of page