top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Распишан конкурс за наградата „Рациново признание“ за 2021 година

Општина Велес распиша конкурс за наградата „Рациново признание“ за 2021 година. Наградата се доделува за прозни, литературни остварувања на автори од земјава објавени во периодот меѓу две манифестации „Рацинови средби“.

Како што информираат организаторите, право на учество на конкурсот имаат сите автори и издавачи кои во периодот од јуни 2020 година до мај 2021 година објавиле прозни дела на македонски автори.

“Делата се доставуваат во три примероци на адреса Општина Велес, ул.„Панко Брашнар“ бр.1, 1400 Велес со назнака – За конкурс за доделување на наградата „Рациново признание“ за 2021 година“.

Делата треба да се достават на оваа адреса најдоцна до 25 мај 2021 година.


1 view

Comments


bottom of page