top of page

Ракометарките во трка за две места во баражот за СП

Македонската женска ракометна репрезентација ги почна подготовките за претстојниот квалификациски турнир во Скопје за пласман во баражот за учество на Светското првенство (СП) годинава во Шпанија. Селекторот Симе Симовски има на располагање 20 ракометарки.

Македонските репрезентативки се во групата 2, заедно со селекциите на Грција, Исланд и на Литванија, а пласман во баражот ќе обезбедат двете најдобропласирани селекции од секоја од петте квалификациски групи. Прв противник на Македонија ќе ѝ биде селекцијата на Исланд в петок, потоа Литванија в сабота, а последниот дуел од групата е в недела, со Грција. Сите мечеви на Македонија се играат од 17.45 часот, во спортскиот центар „Јане Сандански“.

Состав: Драгана Петковска, Матеја Серафимова, Јована Мицевска, Анастасија Николовска, Сара Ристовска, Теодора Дукоска, Елена Ливриниќ, Ангела Јанкуловска, Милица Николиќ, Андреа Седлоска, Симона Стојковска, Дајана Јовановска, Симона Стојановска, Александра Бризовска, Леонида Гичевска, Елена Ѓеоргиевска, Јована Кипријановска, Ивана Џатевска, Ивана Гакидова, Сања Дабевска.


 
 
 

Comments


bottom of page