Промоција во МАНУ на колективното издание „Прилози кон историјата на Македонија и македонската култу
„Прилози кон историјата на Македонија и македонската култура“ е насловот на колективното издание од повеќе автори, а приредено од академик Катица Ќулавкова, чија промоција ќе се одржи на 19 мај со почеток од 12 часот на платото пред влезот на Македонската академија на науките и уметностите.
Изданието е проект на МАНУ остварен во соработка со Институтот за национална историја, Филозофскиот факултет, Богословскиот факултет, Институтот за македонска литература и Институтот за фолклор „Марко Цепенков“.
Промотивни обраќања ќе имаат академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ, академик Витомир Митевски, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски и академик Катица Ќулавкова.
Изданието ги опфаќа културното наследство/античка историја, политичката историја, културната историја и црковната историја на Македонија.
Commentaires