top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Пријанка Чопра навести дека публиката ќе се изненади од улогата што ја игра во „Матрикс 4“

25.01.2021 januari ponedelnik Пријанка Чопра Џонас е дел од актерскиот тим на новиот „Матрикс“, научнофантастична акција поставена во дистописка иднина во која машините ја заземаат планетата Земја. Атрактивната Индијка – актерка, модел и мис на светот за 2000 година – откри дека публиката ќе биде изненадена од ликот кој го толкува во филмот. На прашањето дали ќе глуми суперхероина, Пријанка рече: „Не. Не можам да ви откријам повеќе, но таа е нешто што не го очекувате.“ „Она што можам да го кажам е дека завршив со снимањето и ова е првиот филм што го направив по избувнувањето на пандемијата, и никогаш не сум се чувствувала побезбедно на сет“, изјави 38-годишната актерка за „Варајети“.



1 view

Comments


bottom of page