top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Премиерата на новиот „Џејмс Бонд“ филм „Нема време за умирање“ на 8 октомври

22.01.2021 JANUARI PETOK

Премиерата на „Џејмс Бонд“ филмот „Нема време за умирање“ (No Time to Die), e одложен за 8 октомври.

Последната инкарнација на Даниел Крејг како „агентот 007“ првично требаше да се појави во кината во октомври 2019 година, но беше одложена неколкупати – прво поради промена на режисерот, а потоа и поради коронавирусот.

И низа други филмови се одложени поради пандемијата. „Ворнер брос“ претходно веќе еднаш најави планови за интернет-премиери на сите свои филмови во 2021 година во истовреме како и во киносалите на САД.

Сепак, креаторите на „Нема време за умирање“ во мигов ја исклучуваат можноста филмот да биде првично објавен на некоја стрим-платформа. Гласноговорик на „Метро Голдвин Мејер“ за списанието „Варајети“ во октомври изјави дека студиото сака „да го зачува киноискуството“ за обожавателите а „Џејмс Бонд“ филмовите.


1 view

Comments


bottom of page