Премиера на краткиот филм „Прашливи цвеќиња“ во МКЦ
Во МКЦ (кино Фросина) вечерва со почеток од 19:30 и 20:30 часот ќе се одржи премиера на краткиот филм „Прашливи цвеќиња“ во режија на Мирослав Илиќ.
– „Прашливи цвеќиња“ (Dust flowers) е дебитантски и самофинансиран краткометражен филм на Мирослав Илиќ. Досега има добиено 2 награди за најдобар краткометражен филм и веќе е во 4 официјални селекции на престижни фестивали. Сентиментална жена, која по неколку неуспешни обиди да има свое биолошко дете, принудена е да се откаже од антидепресивната терапија, затоа што ја намалуваат нејзината фертилност, информираат од МКЦ.
Во краткиот филм улогите ги толкуваат актерите: Сара Анастасовска, Стефан Вујисиќ, Арна Шијак, Христина Цветаноска.
Влезот за премиерата на овој краток фил е слободен, со претходно набавување на бесплатни билети преку bileti.mkc.mk
Извор: МИА
Kommentare