Првпат квалификациска средба со светскиот и олимписки првак Данска
- Aleksandar Santovski
- Mar 10, 2021
- 1 min read
РАКОМЕТ
Со синоќешните дуели во групите осум и пет, помеѓу Шведска и Црна Гора, односно помеѓу Словенија и Полска, почна втората квалификациска фаза за пласман на Европското првенство 2022 година во Унгарија и во Словачка, а македонската репрезентација утре, од 20 ч. (пренос на МТВ), во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје ќе го пречека актуелниот светски и олимписки првак Данска, во 3-то коло. За Македонија и за Данска ова ќе биде петта меѓусебна средба, а прва во квалификации. Претходно двете репрезентации трипати се сретнаа во групна фаза на европските првенства, во Србија во 2012 година, во Полска во 2014-та и во Хрватска во 2018 година, а во иста група беа и на Светското првенство во Шпанија, во 2013 година, и сите четири дуели ги доби Данска (33-32, 29-21, 31-20 и 33-30). По првите две квалификациски кола, Македонија и актуелниот светски и олимписки првак Данска имаат ефект од по две победи над селекциите на Финска и на Швајцарија. Пласман на ЕП 2022 обезбедуваат двете најдобропласирани селекции во секоја од осумте групи и четирите најдобри меѓу третопласираните. На ЕП веќе се пласираа домаќините на ЕП, Унгарија и Словачка, како и финалистите од минатото континентално првенство, Шпанија и Хрватска.
ГРУПА 7
Финска – Швајцарија утре, 17 ч. Македонија – Данска утре, 20 ч.
ТАБЕЛА Данска 2 2 0 0 4 Македонија 2 2 0 0 4 Швајцарија 2 0 0 2 0 Финска 2 0 0 2 0

Opmerkingen