Првата емисија од музичкото талент-шоу „Заблескај“ премиерно се емитуваше во понеделникот на јутјуб-
06.05.2021 Maj Cetvrtok
Првата емисија од музичкото талент-шоу „Заблескај“ премиерно се емитуваше во понеделникот на јутјуб-каналот на „Убавина и здравје“, каде што секој нареден понеделник во 21 часот ќе бидат претставени сите емисии, осум во целост, од кои шест се аудиции, седмата е полуфинале, а осмата финале. Во рамките на првата емисија беа претставени 10 кандидати, а нивните настапи ги коментираа пејачката Дани Димитровска и лидерот на составот „Нокаут“, Никола Перевски-Пере, во друштво на Марко Новевски, кој е водител на шоуто.
Прв полуфиналист е 18-годишната Ангела Лавровска, која ја испеа „Врати ми го сонцето“ од Александра Јанева. Жирито имаше уште неколку фаворити, кои останува да ги гледаат наредните изданија на „Заблескај“ затоа што шансите и тие да влезат во полуфинале се големи. Имено, шест полуфиналисти се избираат поединечно по секоја емисија, а вторите шест дополнително влегуваат во полуфиналето. За нив, секако, ќе одлучува стручното жири, но предвид ќе бидат земени и ставовите и мислењето на публиката, така што на инстаграм-страницата на „Убавина и здравје“ под видеата ќе може да се остават коментари со мислење.
Пријавувањата сѐ уште се во тек и ќе траат до 10 мај.
Победникот добива песна што ќе ја сними во дует со пејачката Елена Ристеска, и уште многу изненадувања, жирито во секоја емисија ќе се менува. Во полуфиналето и во финалето ќе жирира ист состав, кој ќе биде составен од шест истакнати и реномирани музичари. Проектот „Заблескај“ e во организација на „Колор медиа плус“ и магазинот „Убавина и здравје“.
Comentarios