Прв концерт на Њујоршката филхармонија по 400 дена
15.04.2021 April Cetvrtok
Њујоршката филхармонија синоќа го одржа својот прв концерт пред публика во физичко присуство, по историската пауза од над 13 месеци поради пандемијата на коронавирусот. Притоа, секој посетител требаше да има негативен тест за Ковид-19 или потврда за вакцинација завршена 14 дена порано.
– Од името на сите на сценава, добредојдовте назад. Долго време сонувавме за овој момент, рече финскиот диригент Еса-Пека Салонен пред публиката којашто не присуствуваше на ниту еден концерт точно 400 дена.
Концертот се одржа во Центарот за култура „Шед“ во општината Менхетен, оддалечен три километри од главната салата на Филхармонијата – „Грефен“ која се реновира.
Бројот на музичари беше намален, програмата траеше еден час, а се свиреа дела на музичарите Каролин Шо, Јан Сибелиус и Рајхард Штраус. Во „Шед“, отворен април 2019 година, имаше 150 гледачи со маски, кои седеа на столици разредени на дистанца. Во обични услови, таа сала собира 1.200 луѓе.
Салонен, 62-годишен музички директор на Симфонијата на Сан Франциско и главен диригент на Лондонската филхармонија, е гостин диригент на оваа програма, што ќе се повтори и утревечер.
Kommentare