top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Почнува жешката трка по титулата

ФУДБАЛ, ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ

Најквалитетното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите (ЛШ), влегува во четвртфиналната фаза, а осумте екипи денеска и утре ќе ги играат првите натпревари. Кои екипи се фаворити за освојување на титулата и кои нема да ја минат оваа фаза е прашањето на кое се обидува да одговори порталот „Гол“. Лидерот во Премиер-лигата игра во голема форма и му се даваат најголеми шанси да се закити со вредниот трофеј, за првпат во клупската историја. „Граѓаните“ се уверени дека нема да им се повторат елиминациите во четврт-финалето како во последните три сезони. Не помали шанси од Сити му се даваат на бранителот на титулата, Баерн. Баварците практично ја заверија деветтата титула по ред во Бундес-лигата и сега ќе се фокусира на одбрана на европската круна. Но среќата при ждрепката не ги посака. Во реприза на ланското финале ќе играат против ПСЖ и, ако го минат, најверојатно ќе ги чека Манчестер сити. Голем пех за Баерн е повредата на коленото на Роберт Левандовски, кој ќе паузира околу еден месец и ќе ги пропушти дуелите со ПСЖ. Челси и Реал се сметаат за фаворити од сенка. Томас Тухел имаше одлична серија од 14 меча без пораз, а неговиот тим ретко примаше гол. Сѐ до саботата, кога „сините“ примија пет и доживеаја тежок пораз дома од ВБА (2-5). Сега останува да се види дали тоа беше моментална слабост на екипата или елиминацијата на Атлетико во осминафиналето е максимумот на Челси.

Реал Мадрид не треба никогаш да се отпишува. „Кралевите“ се вратија во форма во вистинското време од сезоната, кога станува збор за борбата за слава во ЛШ. Избраниците на Зинедин Зидан се во серија од 11 меча без пораз во сите натпреварувања и иако можеби не се најдобриот тим во Европа во моментов, мнозинството играчи знаат како се освојува трофејот. ПСЖ ја елиминира Барселона во осминафиналето и верува дека е во добра позиција да стигне подалеку од лани, кога беше вицешампион. Но ждрепката им ги додели Баерн и, потенцијално, Сити на патот до финалето. Дали Ливерпул се враќа во форма? Веројатно не докрај, но има знаци дека тимот на Јирген Клоп почна да функционира како што треба и оти катастрофалниот почеток на 2021 година е минато. „Црвените“ го елиминираа Лајпциг, а двете победи, плус неодамнешните, над Вулверхемтон и Арсенал на гости во Премиер-лигата, значат дека шампионот од 2019-та ќе стори сѐ да му се реваншира на Реал за поразот во финалето во 2018 година. Порто го „нокаутира“ Јувентус во осминафиналето, екипата на Сержио Консеисао е во серија од четири победи во португалската Примеира-лига, но без клучните играчи, кои се суспендирани за првиот натпревар против Челси. Борусија Дортмунд се чини го доби еден од најтешките ривали во четврт-финалето, Манчестер сити. Германскиот тим забележа само една победа на последните пет меча

Четврт-финале, први дуели

ВЕЧЕРВА Реал – Ливерпул Манчестер С. – Борусија Д.

УТРЕ Баерн – ПСЖ Порто – Челси

сите мечеви почнуваат во 21ч.


1 view

留言


bottom of page